Кинезите ги меркаат железницата и енергетиката

Bez autora
Jul 14 2011

Трговската соработка меѓу Македонија и Народна Република Кина е далеку од она што е потенцијал на соработка. Далеку сме од тоа што е потенцијал на соработка. Во овој момент трговската размена меѓу двете земји се сведува на 400 милиони долари, но сметаме дека има простор за соработка. Потребно е ревидирање на договорот за слободна трговија и олеснување на царинските процедури. Концептот на технолошко-индустриските развојни зони што го разви земјава, министерот Бесими го гледа како една од можностите за унапредување на соработката и како чекор напред во поглед на инвестициите. Во глобалната политика на Кина за приближување на бизнисот кон европскиот пазар мислам дека Македонија може да ја искористи шансата и да биде дел од овие движења на кинеските инвестиции во Европа. Мислам дека сме на добар пат. Има конкретни посети и проекти како што е „Вардарска Долина“ и доколку активно сме фокусирани на соработката со Кина, и една проактивна соработка ќе даде резултати.

Кинезите ги меркаат железницата и енергетикатаТрговската соработка меѓу Македонија и Народна Република Кина е далеку од она што е потенцијал на соработка, оценија македонскиот министер за економија Фатмир Бесими и кинескиот министер за трговија Гао Хученг, кој престојуваше во официјална посета на земјава.

- Далеку сме од тоа што е потенцијал на соработка. Во овој момент трговската размена меѓу двете земји се сведува на 400 милиони долари, но сметаме дека има простор за соработка - изјави министерот Бесими по средбата.

Според него, потребно е ревидирање на договорот за слободна трговија и олеснување на царинските процедури. Концептот на технолошко-индустриските развојни зони што го разви земјава, министерот Бесими го гледа како една од можностите за унапредување на соработката и како чекор напред во поглед на инвестициите.

- Во глобалната политика на Кина за приближување на бизнисот кон европскиот пазар мислам дека Македонија може да ја искористи шансата и да биде дел од овие движења на кинеските инвестиции во Европа. Мислам дека сме на добар пат. Има конкретни посети и проекти како што е „Вардарска Долина“ и доколку активно сме фокусирани на соработката со Кина, и една проактивна соработка ќе даде резултати - рече Бесими.

Министерот за трговија на Кина подвлече дека инвестициите може да бидат главен двигател на економската соработка меѓу двете држави и кинеската влада ги поддржува кинеските компании да инвестираат во Македонија, особено во реконструкцијата на железничката инфраструктура и енергетиката.

Тој е задоволен од развојот на економската и трговска размена меѓу двете земји.

- Во текот на 2010 година билатералната трговска размена го достигна нивото пред глобалната криза и беше најголемо во историјата. Ова особено се однесува на македонскиот извоз во Кина, кој тројно се зголеми - рече Хученг. Тој информира дека кинеската влада ~ додели 20 милиони кинески јуани, односно 2,2 милиона евра како грант на македонската Влада, за што вчера беше потпишан договор за економска и техничка соработка меѓу двете влади.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik